Вести Свет

Во Косово упасени тројца Срби осомничени за воени злосторства во 1998-99 година

Косовската полиција уапси денеска три лица од српска националност, кои се осомничени за воени злосторства против цивилното население за време на војната во Косово во 1998-99 година.

Во соопштението на Специјалното обвинителство на Косово се наведува дека на тројцата уапсени им е одреден притвор од 48 часа.

Тројцата уапсени се обвинети за кривичното дело „Воени злосторства против цивилното население“, дејствија кои се санкционирани според членовите 142 и 22 од Кривичниот законик на РСФЈ, актуелно казниво според… Кривичниот законик на Република Косово… според локалните закони, воените обичаи и Женевските меѓународни конвенции и дополнителните протоколи, се наведува во соопштението.

Официјален Белград, како што пренесуваат медиумите, реагира преку Канцеларијата за Косово, која функционира во рамките на Владата на Србија, а која соопшти дека уапсениот во Звечан, Д.М., е поранешен полицаец, додека за уапсениот И.Е. тврди дека е во тешка здравствена состојба.

Тие се испратени во непознат правец јужно од (реката) Ибар. Канцеларијата за Косово веднаш обезбеди адвокати за уапсените Срби, кои се обидуваат да откријат каде се испратени, бидејќи нивните семејства немаат детални информации за нивните најблиски, се вели во соопштението од Белград.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе