Вести Свет

Србија ќе бара свикување седница на СБ на ОН поради ситуацијата на Косово

Директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека добил налог од претседателот Александар Вучиќ да иницира постапка за свикување итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на Косово.

Добивме налог од претседателот Александар Вучиќ да започнеме со сите подготовки и процедури за свикување итна седница на Советот за безбедност на ОН во врска со ситуацијата на Косово, рече Петковиќ за време на вонредното обраќање.

Петковиќ рече дека денешното апсење на тројца Срби на Косово од страна на единиците Росу претставува продолжување на етничкото чистење на српскиот народ на Косово

Прашање на денови е кога ќе го испратиме барањето и кога ќе се одржи таа седница – додаде тој.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на почетокот на јули најави дека Србија ќе побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) поради ситуацијата на Косово.

Тој тогаш рече дека ќе побара од Советот за безбедност да „иницира итни мерки“ за заштита на Србите на Косово.

Вучиќ на крајот на август изјави дека барањето ќе биде испратено пред редовната средба во октомври поради, како што рече, зголемениот притисок врз Србите на Косово.

Го бираме најдобриот момент, кој кога претседава и кој кога е присутен. Кога ќе ни одговара, ќе побараме седницата да се одржи во многу блиска иднина, рече Вучиќ.

Вучиќ е во Њујорк, каде со српската делегација учествува на седницата на Генералното собрание.

Албанија претседава со Советот за безбедност во септември, а Бразил во октомври. Кина ќе го преземе претседателството во ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе