Вести Македонија

Трошановски: Неконзистентноста на ЕУ во спроведување на сопствените стандарди и неволноста за автентично реформирање на земјите од Западен Балкан се причини за застојот на евроинтеграциите

Ниту една од иницијативите формално не е врзана со напредокот во евроинтеграции и пристапување и ниту една не е предуслов, изјави Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија, во вечерашната Топ тема на ТВ Телма.

„Застојот во процесот е вина на неконзистентноста на Европската Унија во спроведување на нејзините сопствени стандарди од една страна и неволноста на земјите од Западен Балкан да се реформираат автентично од друга страна. Меѓутоа, во ниту еден случај тоа не се должи на процесите“, рече Трошановски, алудирајќи на процесите како „Брдо-Бриони“, „Отворен Балкан“, Јадранско-јонската иницијатива, итн.

Тие процеси, според Трошановски, имаат за цел само да му помогнат на регионот да ја зголеми внатрешната меѓусебна соработка, нејзино продлабочување и да се прошири кон Европската Унија.

„Ние се проширување со тоа што се интегрираме во ЕУ, а се продлабочуваме со тоа што ја зголемуваме регионалната соработка. Сите регионални процеси и иницијативи во голем дел беа заложници во неразрешените билатерални спорови меѓу земјите од Западен Балкан, пред сè зборувам за Косово – Србија, меѓутоа далеку е дека е единствен спор кој што тлее“, додаде Трошановски.

Тој истакна дека Берлинскиот процес е најструктуриран од сите, бидејќи има директни финансиски механизми кои што може да го поддржуваат, има инсфраструктура, има Совет за регионална соработка кој што надгледува кој и што има завршено, кој што се обврзал дека ќе направи и до каде е стигната имплементација на одредени закони кои се синхонизирани од европското аки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, тројца загинати

Дејан Дејан

Севернокорејска хакерска група украла лични податоци од судот во Сеул

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе