Вести Свет

Орбан: Унгарија повеќе нема да дава пари за Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта е против намерата на Европската Унија за уплата на повеќе средства за Украина. Барањето на Брисел за унгарските власти, како и за полските, да издвојат дополнителни средства, Орбан ги нарече „смешни“, додека на двете земји им се скратени пари од ЕУ фондовите за обнова поради спорот на владеење на правото.

На самитот на ЕУ, кој е во тек, Орбан планира да побара отчет како се трошат парите од заедничкиот Буџет на Европската Унија и на што и како се потрошени досегашните 70 милијарди евра на Украина. Според него, досегашните мерки што ги презеде Унијата и средствата што се издвоени за Украина не ги испорачале очекуваните резултати.

Вториот ден од Самитот во Брисел почна со жестока дебата за азилот и мигрантите. Лидерите на Европската Унија ги прекинаа преговорите за миграциите, бидејќи Полска и Унгарија го блокираа напредокот, откако претходно овој месец беа надгласани за планот за поделба на мигрантите кои стигнуваат во Европа меѓу 27-те земји членки. Двете земји одбија да поддржат изјава од Самитот за која е потребна едногласност.

Покрај азилот и миграциите, на дневен ред на Самитот на ЕУ се и односите со Кина, надворешната политика, ситуацијата на северот на Косово и економски прашања.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе