Вести Свет

Формирање Национална агенција за образовни асистенти и промена на моделот за проценка за добивање асистенти, бараат од Коалицијата „Менуваме“

Образовните асистенти за децата со попреченост да не бидат под ресурсните центри, туку да се формира Национална агенција за овој вид кадри, со цел подобро утврдување на состојбите, во зависност од демографските потреби на оваа категорија граѓани. Барањето до министерот за образование Шакири, од Коалицијата „ Менуваме“, која ги застапува правата на лицата со попреченост , го кажале на денешната средба , во пресрет на  новата учебна година. Од „Менуваме“ не се задоволни од пропишаното во Регулативата, која вели еден образовен асистент за повеќе деца зашто во сега завршената учебна година имаа 720, а ланската, децата со попреченост располагаа со 500 образовни асистенти, во цела Македонија.

Бидејќи досегашните асистенти не ја задоволуваа потребата кај децата бидејќи се случуваше еден асистент да биде на 3 деца. Повторно родителите и децата беа оставени сами на себе и повторно доцнеа во образованието. Повторно изгубија уште една учебна година, вели Суарет Алишан од Коалицијата „Менуваме“.

За да учениците со попреченост добијат образовни асистенти потребна е проценка за редовно или специјално образование, според Меѓународната класификација за функционалност. За таков документ се чека цела година и децата често губат можност да добијат образовен асистент , реагираат од „ Менуваме“.

Тука е потребно МКФ да ги зајакне службите и истовремено начинот на кој се закажува проценката на функционалност на децата со попреченост да не биде директно преку МКФ, туку тој да биде сега и веднаш преку „ Мој Термин“, вели алишан.

Од Коалицијата не добиле гаранција од министерот дека бројот на образовни асистенти во новата учебна година ќе порасне. Но, како што кажаа, Шакири го прифатил барање учениците со попреченост да продолжат во новата учебна година да следат настава во училиштата во кои беа и до  сега , а капацитетите на тие објекти да се зголемат за да тие деца учат заедно со останатите со типичен развој . Барањата се дел од предложениот Нацрт план на „ Менуваме“, испратен до УНИЦЕФ, а ќе биде доставен и до Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе