Вести Македонија

Трева и оризови полиња ја кријат тајната – дали кај село Крупиште е напишана глаголицата?

Дали на локалитетот Кале кај селото Крупиште се напишани буквите  аз, буки, веди, дел од првата словенска азбука глаголицата од страна на Кирил, а неговиот брат Методиј бил епископ во градот Равен се уште со сигурност не може да потврди.

Археолошките истражувања на Блага Алексова пред 39 години, но и од пред две години на штипските археолози потврдуваат дека овде писменоста постоела.

Каменот на кој се испишани букви од глаголицата е во депото на штипскиот Музеј, кој чека конзервација.

Штипскиот музеј има проект како овој локалитет кој се простира на површина од осум хектари да биде достапен за туристите, но ќе почека подобри времиња. Пари освен од ресорното министерство ќе се бараат и од  фондации. Месното население сведочи дека туристи доаѓаат, но без соодветна сигнализација тешко може да се најде и да се пристигне до него, бидејќи се наоѓа во поле со оризни ниви.

Во Штип беа промовирани и триесетина црковни книги, стари неколку века, а денеска е откриен и споменикот на Свети Кирил и Методиј, каде било најстарото училиште во градот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе