Вести Македонија

Протест на просветните работници токму на денот на сесловенските просветители и учители

Со плакати со пораки „Кажи не на уништувањето на географијата”, „Без географијата сме изгубен народ” и многу други натписи се одржа протестот на просветните работници. Нивното незадоволство од најавите за спојување на повеќе наставни предмети во еден и ниските плати го искажаа токму на денот на сесловенските просветители и учители.

-Во моментот во секторот образование се уште најниската плата за најнизк степен на сложеност е 12.000 денари. Ова е поразително нешто. Во моментов во секторот образование има нездрава работна атмосфера и ние сме тука да укажеме дека социјалниот дијалог е сведен на нула, дека условите за работа не се баш сјајни и дека мора итно да настанат промени, вели Томислав Гиевски, претседател на независен синдикат за образование и наука.

Исплашени од губење на работни места и чуство на погазен интегритет просветните работници со свирежи се упатија од Жена парк до Министерството за образование и наука за кое велат дека досега немало слух за нивните барања.

-Со овој министер не сме имале ниту една средба досега. Сме испратиле неколку барања, мислам дека сме имале околу десет барања, но никогаш не сме добиле одговор. Со спојување на наставните предмети во рок од пет години со целосна имплементација во просек ќе се изгуби едно работно место во две училишта, зборувам за училишта кои имаат четири одделенија. Дваесет и четири часа недостасуваат по природните и општествените науки, заедно со укинување на предметот иновации. Би требало јас како наставик по географија да предавам за Антички Египет-од каде знам јас или по природни науки во шесто одделение би требало да предавам за електрицитет по географија. Тоа е неприфатливо и ние ќе се спротиставиме на тоа, додаде  Гиевски.

Од Независниот синдикат потенцираат дека овој протест е само предупредување, а ќе има и порадикални чекори како бел штрајк или штрајк доколку надлежните не ги слушнат нивните барања.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе