Вести Македонија

Општина Ново Село се плаши од „родова еднаквост“

И Струмица и Ново Село се плашат од терминот “родова еднаквост” која заговара еднакви права на жените со мажите, па во општинските документи ги менуваат поимите кои светските лидери и организации за човекови права ги договорија со Истанбулската конвенција, 

Промените на локално струмичко и новоселско ниво почнаа откако струмичката епархија на МПЦ агресивно реагираше дека Законот за еднакви можности има членови кои се недоразјаснети и отвораат можности за манипулација. Таа црковна формулација ја користат општините и на градско и на рурално ниво за да ја сменат терминологијата за “родовата еднаквост”. На трибината на која настапуваше епископот Јаков Стобиски, тој постојано ја спомнуваше Ирена Цветковиќ од коалицијата Маргини во навредлив тон поради нејзините залагања за “родова еднаквост”.

Општина Ново Село го промени името но и терминологијата на програмата за родова еднаквост.

На вчерашната редовна седница на советот, изгласаа дека програмата ќе се вика: „еднакви можности меѓу мажите и жените“, за како што изјави градоначалникот Божинов да нема манипулација со граѓаните.

Божинов вели дека во самата програма е точно дефинирано што се подразбира под поимите маж и жена.

Ново Село е втора општина по Струмица која прави интервенција во термините родова еднаквост.

Струмичкиот совет промената на терминот родова еднаквост со еднакви можности меѓу мажите и жените ја направи во стратегијата за млади.

Тогаш од коалиција „Маргини“ реагираа дека со ваквите одлуки од општинските документи и политики се исклучуваат трансродовите лица.

Ирена Цветковиќ смета дека за кратење на правата на граѓаните политичарите се секогаш обединети.

Овие промени следуваат откако струмичката епархија со епископот Јаков Стобиски реагираа дека Законот за еднакви можности има членови кои се недоразјаснети и отвораат можности за манипулација.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека законот нема да се донесе без јавна расправа во која ќе се вклучени сите засегнати страни.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе