Вести Македонија

Градоначалникот заминал на земјоделски саем во Нови Сад додека жители на повеќе села во Дебрца немаат вода за пиење

Од понеделник навечер повеќ села во општина Дебрца во Охридскиот регион немаат вода за пиење, а водоводот не им работи. Се жалат дека освен нив страдаат и домашните животни кои ги одгледуваат.

Водоводот работи на пумпи на струја, а поради нередовно плаќање на сметките од страна на општинското комунално претпријатие, ЕВН ја исклучила струјата. И додека жителите мака мачат да се снабдат со вода за пиење, за добитокот и за хигиенски потреби, градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески заминал на пат во Нови Сад на познатиот земјоделски саем кој се одржува во Србија.

Жители на Дебрца кои немаат вода се чудат како градоначалникот заминал на саем без да го реши проблемот и го обвинуваат за недомаќинско работење поради што јавното претпријатие направило долг од околу 15 милиони денари (околу 250 илјади евра) кон ЕВН поради што е исклучена струјата, а со тоа и водата.

-Градначалникот Ногачески за прв пат го паркира службениот џип (се разбира во семејниот двор) и замина на земјоделски саем во Нови Сад. А Дебрца нема вода. Станува збор за долг кон ЕВН од околу 15 милиони денари, а обврска на комуналното претпријатие е да го подмири. Иако неколкупати биле опоменати писмено Ногачески и директорот на ЈП Комуналец-Дебрца, Димче Андрески, тие не ги платиле обврските кон ЕВН со парите кои граѓаните редовно ги уплаќаат за сметка за вода. Жално е во 21-ви век, повеќе од 5 села и населени места да немаат вода за пиење, ни пишаа жители на Дебрца.

Градоначалникот Ногачески за состојбата ја обвинува ЕВН и смета дека не требало да биде исклучена струјата за пумпите. Тој барал да се склучи договор на рати, но тврди никој не му одговорил.

-Откако прочитав некои критики,во смисла на тоа дека срамота било што сум заминал во Нови Сад, а Дебрца сум ја оставил без вода, едноставно морам да реагирам со неколку факти, кои ги побиваат таквите критики. Прво,градоначалникот никого не оставил без вода.Исклучувањето што го изврши ЕВН е спротивно на член 44 од Правилата за снабдувањето со електрична енергија според кој операторот не може за неплатени сметки да исклучи водоснабдителен систем. Операторот може да побара од должникот да се склучи договор со кој ќе се дефинира гарантен инструмент дека сметките ќе се плаќаат.Ако должникот не прифати склучување на таков договор тогаш може да се примени мерка исклучување, пишува од Саемот во Нови Сад преку својот ФБ профил Ногачески.

Повеќе погодени жители барале средба со градоначланикот пред да тргне на пат на земјоделскиот саем, но не биле примени за да се слушнат нивните поплаки. Повеќе од 48 часа во повеќе населени места низ Дебрца нема вода, а животот без вода во 21-ви век денеска го искусија и излетниците и викендашите кои го искористија празничниот ден да заминат во своите викенд куќи.

Миомир Серафиновиќ

Повторно закани по животот на градоначалникот на Арачиново

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе