Вести Македонија

Мостот се уште затворен, Арсовска ги кара медиумите и експертите – партиите меѓусебно се обвинуваат, граѓаните во сообраќаен хаос

Прво го задолжила градежниот факултет да направи инспекциски надзор на мостот Беласица,па го негира стручното мислење на деканот. Градоначалничката Данела Арсовска по една недела молк, преку соопштение ги демантира сите изјави на експертите и ги искара медиумите дека воделе политичка агенда.

„Несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани „извори“ да се предизвикува паника кај граѓаните. Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи, а во наредните неколку денови ќе се донесе и одлука за тоа дали ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба“, велат од градот Скопје.

„Градот Скопје се обрати до градежниот факултет со барање да се изврши инспекциски наод на состојбата на мостот и да се утврдат натамошните чекори кои следуваат за повторно враќање во негова употреба“, вели за Телма проф. Горан Марковски декан на градежен факултет.

Партиите со реакции. Од СДСМ ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ за нефункционалност, колапс и хаос за време на нивното владеење.

„Заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината градоначалничка Данела Арсовска, Град Скопје е пред банкрот, со нефункционални јавни претпријатија и со сообраќаен хаос што од ден на ден станува се поголем. Откако се запали мостот „Беласица“половина град функционира само преку еден мост, а градската власт на ВМРО-ДПМНЕ молчи и не кажува дали ќе преземат нешто и до кога ќе трае санацијата на еден од најважните мостови во Градот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на одговорност и бараат мостот Беласица во најкус рок да биде безбеден и во пуштен во функција.

Власта дава 200 милиони евра за незакована шајка, а Скопје ќе го остави цела година без мост во центарот?Дали на СДС и миленичката Данела, им треба цела година за крими бизнис договор за ќарот од мостот?Недозволиво е коалицијата СДС и Данела Арсовска по сите редовни средби да го остават Скопје без уште еден мост! “, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Се уште нема официјални информации до каде е истрагата,кој го предизвика пожарот, кога мостот Беласица ќе започне со санација и кога ќе биде пуштен во употреба.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе