Вести Македонија

Од денес во сила мерките и препораките за побезбедни училишта

Од денес училиштата ќе се прилагодуваат, а надлежните ќе набљудуваат како функционира упатството за запирање на меѓуврсничкото насилство.

Владата вчера усвои сет од 10 препораки. Стоп за меѓуврсничкото насилство преку превенција или рана детекција. Целта е да се подобри менталното здравје на учениците.

Социјалните служби се главната алка кога станува збор за малолетните престапници. Тие сега се на готовс, уверуваат од Труд и социјала.

Секако, во таа едукација ќе ги вклучиме и стручните тимови од центрите за социјална работа, но едукација ќе добие и секој наставник во секое училиште. Центрите за социјална работа имаат доволен кадар затоа што години наназад од реформата која започна во 2018 година, постојано се зголемуваат капацитетите во центрите, исклучиво со стручни профили, рече министерката тренчевска.

Дел од усвоените владини препораки се да се создадат просторни услови во училиштата за стручните соработници, учениците да имаат тет-а-тет средби со психолог, но да има и општински совети за превенција.

Ова беше едно од главните барања и на Сојузот на средношколци. Тетово денес формираше таков совет. Но, најголемиот дел од општините немаат такво тело во рамки на локалната самоуправа.

Во препораката јасно е наведено дека е потребно вклучување на Сојузот на средношколци во овие совети. Ние нотираме дека дел од општините тоа веќе го имаат направено, а истите вклучено претставници од Сојузот за членови во овие тела, реагираат од сојузот на средношколци.

Ученици веќе биле сведоци на засилени контроли – по автобуси и на други места каде што се движат повеќе деца, информираат дел од родителите.

Од Полицијата потврдуваат дека има засилени контроли на учениците при пристигнување и заминување од училиштата и при користење на јавниот превоз. Од МВР во одговор за Телма велат и дека во последните две недели се пристигнати вкупно 6 пријави за ученици кои се заканиле кон вработени во училиштата или кон други ученици.

Правници анализираат дека токму превенцијата е најважна кај детското престапништво. Казните се релативна работа.

Казнената политика за детското престапништво во Македонија е во таа насока дека децата треба поблаго да се третираат, имајќи ја предвид не само нивната возраст туку и другите околности кои имале влијание врз нив, како ризик-фактори за да го сторат истото дејствие, вели професорката на правниот факултет на југоисточна европа Блерта ахмети.

Темата за меѓуврсничко насилство е поле и за политички надмудрувања помеѓу партиите. Министерот за образование Шаќири вчера од владината говорница ги наброи усвоените препораки, меѓу кои се разгледува и забрана за употреба на мобилен за време на часови.

Денес, од опозицијата коментираат – ако се забрани телефон, децата од што ќе учат во отсуство на компјутерска опрема во училиштата, или пак дома – кој ќе им забрани.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија

Дејан Дејан

Украина најави рекорден увоз на струја

Дејан Дејан

Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе