Вести Македонија Топ вести

Малеска Сачмароска во „Топ тема“: Имаме демотивирана администрација, платите во министерствата се исти како и во општини со 10.000 жители

Администрацијата ни е многу демотивирана одвнатре, бидејќи сегашниот закон за плати и овој систем и сите притисоци на синдикатите за зголемување на платите за 30 отсто, нема да го решат проблемот ниту за различноста на платите, туку за истоста, вели Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Во едно министерство како што е финансии или како што е Информатичко општество, платата е иста како што е во Општина Желино или во Општина Зрновце. И повторно новите закони за административни службеници и за вработени во јавен сектор не ги решаваат тие клучни проблеми и прашања. Ние имаме, обемот и сложеноста на работата како што е во едно министерство и во една мини општина од 10.000 жители, каде нема толку голем обем на работа, да имаме иста плата. Мора да почнеме и така да разговараме, бидејќи платите и коефициентите на градоначалниците, на пример, се разликуваат во зависност од општината што ја водат, ама не и на административните службеници внатре“, вели Малеска Сачмароска.

Истото, потенцира таа, се однесува и на министерствата и на агенциите кои се под министерствата.

„Платите се исти, концентрацијата на работа во министерствата е далеку поголема отколку во оние кои што треба да испорачаат. Тоа се некои структурни прашања во реформите кои што не ги допираме ниту во новата Стратегија. Не знам како ќе ги решаваме, ама и во делот на реорганизација имаме уште многу проблеми во однос на функциите и одливот“, нагласи Малеска Сачмароска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјоделците се оставени на милост и немилост на откупувачите

Дејан Дејан

Прскањето против ларви од комарци доцни веќе месец дена

Дејан Дејан

Министерските имиња и владиниот кабинет пред крај на мај- ќе зависи ли и од прегласување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе