Вести Свет

Ужас во приватна зоолошка градина во појасот Газа – лав растргна шестгодишно палестинско дете

Шестгодишно палестинско дете беше растргнато од лав во приватна зоолошка градина во појасот Газа, соопшти полицијата на таа територија со која раководи влада на сиалмското екстремистичко движење Хамас.

Полицијата наведе дека детето се качило на ограда во зоолошката градина во градот Кан Јунису јна југот на појасот и дошло до отворот на кафезот во кој бил лавот. Други детали не се обелоденети, освен дека во тек е истрага.

Роднините на детето ги негираат наводите на полицијата и велат дека за време на посетата на паркот Асда, со мајка му и други членови на фамилијата, дошло само до надворешниот дел од оградата каде стоел лавот и во тој момент детето било нападнато.

Хамада Иктиета е прва жртва на напад од животно во приватни зоолошки градини во тоа густо населено подрачје. Во појасот Газа се наоѓаат неколку приватни зоолошки градини, а животните се чуваат во многу лоши услови. Ниту тие не се поштедени од честите судири меѓу Израел и припадниците на екстремистичката организација, негрижата, изгладувањето и недостигот од ветеринарна нега.

Меѓународните групи за заштита на животните организираа неколку мисии за евакуација, особено на лавовите на безбедни места во Јордан и во Африка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе