Вести Македонија

Работната група стартува со работа по Велигден- дали е можно да се придобие двотретинско мнозинство за отварање на Уставот

По велигденските празници, почнуваат состаноците во Работната група за формулирање на уставните измени. Владата одлучи да го почне овој процес, без оглед што во Работната група нема претставник од ниту една опозициска партија, а голем дел од експертите имаат правни дилеми. Лидерите на двете најголеми партии не се помрднуваат од своите позиции: Ковачевски го нарече Мицкоски нерелевантен, а тој одбива да разговара на оваа тема.

Со опозиција или без неа, а поверојатно без неа, наредната недела почнува процесот за менување на Уставот.

По Велигден, Работната група при Министерството за правда ќе почне со состаноци за формулирање на уставните амандмани.

На 10-мината партиски  и тројца претставници од институциите, утре или најдоцна задутре, ќе им се придружат 6 до 8 експерти.

ВМРО ДПМНЕ, Алтернатива, Левица и Демократски сојуз одбија да учествуваат.

Опозицискиот лидер Мицкоски, не сака ниту да одговара на прашања поврзани со оваа тема бидејќи со „хрватскиот предлог“ кажал `се што има да каже.

За премиерот Ковачевски, Мицкоски е нерелевантен, бидејќи процесот што обезбедува европска иднина не зависи од него туку од пратениците.

Премиерот објаснува дека текстот што ќе го утврди Работната група ќе биде испратен до Владата, која ќе ја преземе улогата на предлагач пред Собранието.

Паралелно, ќе се организира јавна дебата, која ќе го опфати и најважното прашање: дали е можно да се придобие дво-третинско мнозинство за отварање на Уставот.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стејт департмент: САД цврсто посветени на Преспанскиот договор

Дејан Дејан

Топ тема (13.05.2024) Таравари оптимист за уставните измени и евроинтеграциите на државата

Дејан Дејан

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе