Вести Македонија

Работната група за уставните измени скроена без опозицијата

Тринаесет предлози стигнаа во Министерството за правда. Десетмина се номинирани од партиите во власта, а тројца од поканетите институции. Списокот со експерти ќе биде соопштен до крајот на неделата, бидејќи биле отсутни од земјава, а опозициските партии одбија учество во оваа Работна група.

Повеќе експерти по уставно право имаат дилеми, како академик Владо Камбовски и професорката Рената Треневска-Десковска. Неофицијално, прифатиле професорите Денис Прешова, Јетон Шасивари и Бајрам Положани, како и поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска.

Владеачките партии немаа дилеми: номинирани се генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова од СДСМ, координаторот Арбр Адеми од ДУИ, пратениците Ремзи Мехмеди од Алијанса и Соња Мираковска од НСДП, амбасадорот Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, професорот Темелко Ристески од Партијата на пензионерите, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Иљаз од Демократската партија на Турците. Ќе им се придружат професорот Александар Спасов од кабинетот на претседателот, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од МНР.

Опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Левица, БЕСА и Демократски сојуз не пратија предлози и немаат намера да учествуваат во овој процес.

Правда појаснува дека ова работно тело треба да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени, а предлагач ќе биде Владата. Предлогот ќе биде испратен во Собранието и паралелно се планираат стручни јавни расправи.

Според Уставот, одлуката за пристапување кон измена на Уставот ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство, кое во овој момент е „невозможна мисија“.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Дејан Дејан

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе