Вести Македонија

Животот е полн со предизвици и треба да му се пристапи храбро, вели Беира Салифоска, авторка на првиот дипломски труд во Македонија на Брајово писмо

Животот е полн со предизвици и треба да му се пристапи храбро и со оптимизам вели, вели Беира Салифоска која го одбрани својот дипломски труд: Предизвиците на лицата со оштетен вид за време на ковид-пандемијата“, прв во Македонија сработен на Брајово писмо.

Во текот на самото студирање исто така немав материјали на Брајово писмо, многу пати бев принудена сама лично да препишувам од компјутер на Брајово писмо, затоа што додека сум учела основно и средно секогаш сум читала на Брајово писмо, имаше материјали кои беа во електронска верзија, мораше некако да се навикнам да ги учам во аудио формат. Дел од професорите знаеа да излезат во пресрет, имаше професори кои можев да ги замолам и да имам консултација ако ми треба нешто да ми помогнат или да ми објаснат за самиот материјал“ – вели за Телма, Беира Салифоска.

Според Салифоска кога станува збор за инклузија во образовниот систем, таа има став дека е потребен комбиниран модел.

Ако зборуваме за инклузија ова е личен мој став да не бидам сфатена погрешно, сметам дека не треба да има тотална инклузија, туку комбиниран модел каде што основата би била во посебно школо, а потоа треба да се определуваат самите лица со оштетен вид, затоа што на 14 или 15 години можеби не знаеш што сакаш, но на 7 години уште помалку. Средното образование може да се продолжи во редовно школо, додека основното образование  не сум за да биде во редовно образование. Јас познавам многу лица со оштетен вид кои завршиле  основно во редовно училиште и јас сум завршила во посебно училиште и тука има голема разлика. Ние кои сме завршиле во Интернат сме многу посамостојни многу поспремни да се соочиме со сите предизвици во животот“ – додава Салифоска.

Многу често во секојдневната комуникација луѓето и не знаат дека со своето однесување ги разоткриваат бројните предрасуди кои ги имаат за лицата со оштетен вид.

„На пример се случува ќе отидете дали на лекар или во банка и ако отидам со некој не ми зборуваат мене, туку на лицето со мене. Чудно зошто не ми зборуваат мене, можам да вратам можам да одговорам, кога ќе одговорам јас се чудат. Не знаат луѓето многу пати како да се постават со лицата со оштетен вид“ – укажува Салифоска.

Веќе 15 години Салифоска работи како физиотерапевт на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, се надева дека во иднина, новата академска титула ќе и донесе ново работно место како специјален едукатор и рехабилитатор.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, тројца загинати

Дејан Дејан

Севернокорејска хакерска група украла лични податоци од судот во Сеул

Дејан Дејан

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе