Вести Македонија

Ловокрадците и дрвокрадците и натаму активни на Шара – не ги спречува статусот на заштитено подрачје на планината

Навиките тешко се менуваат. На Шара сѐ уште „оперираат“ дрвокрадци и ловокрадци, иако е прогласена за заштитено подрачје.

Во контролите на јавната установа, која раководи со Националниот парк, се затекнати лица кои вршеле дејствија кои се забранети.

Велат дека ова планинско подрачје е запоставено со децении, поради што треба редовни контроли, соработка со месното население и со институциите.

 „Многу години е запуштено подрачјето и луѓето едноставно се навикнале дека не треба да побараат дозвола. Се преземаат сечи, се лови на секоја страна иако ловот е забранет. Поднесени се неколку кривични пријави. Меѓутоа има и многу и илегални градби, градење без дозвола, узурпација на државно земјиште, преземање на вода, отварање на патишта и за сите овие појави треба да се воспостави ред и контрола“ – вели Анела Ставревска Панајотова, раководител на одделение за заштита на природа – ЈУНПШП.

Установата подготвила табли со кои ќе се информираат граѓаните како да се однесуваат во Националниот парк, реализирани се средби со претставници на засегнатите институции. Вршат и евиденција на сите објекти кои се наоѓаат вон населените места.

„Мораме сето тоа да го евидентираме, па потоа со надлежните институции, пред сѐ со Општините, со нивните градежни инспекторати, МВР, со Агенцијата за катастар за недвижности да утврдиме кои од тие градби се легални, а кои илегални и да побараме начин како да се справиме со истите. За во иднина се разбира дека ќе стоиме цврсто и решително на заштита на државниот имот пред се, и дека нема да дозволиме нови градби, кои не се одобрени од надлежниот орган“ – додава Милорад Андриески, раководител на Одделение за одржливо користење на природни ресурси – ЈУНПШП

Инаку, Установата има и други предизвици. Не е целосно екипирана и чекаат дозвола за да се вработат доволен број на лица за да го покријат подрачјето. Сместени се во поранешна Жичара, а се работи на приспососување на работни простории.

Се финансира со помош на донатори, а владини средства се обезбедени само за 3 години.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Дејан Дејан

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе