Вести Македонија Топ вести

Депонија кај Расадник – штом падне мрак се фрла градежен шут, стари алишта и мебел

Зад убавите згради во Кисела Вода градежен шут, отпад, дотраени производи за домаќинство, стара облека. Ваква беше сликата во непосредна околина на спортската сала Расадник кога екипата на телевизија Телма отиде на лице место да ја провери ситуацијата по поплаките на граѓаните кои стигнаа до нашиот медиум. Откако се потврдија нивните забелешки одговори побаравме од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

По разговорот во општината, заедно со градоначалникот се вративме на локацијата, но сликата беше многу поинаква. Луѓе со лопати и гребла беа на терен, некои и со голи раце го расчистуваа просторот. Денес најдоцна викендот местото мора да биде расчистено рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за депоните кажа дека не се нејзина примарна надлежност, но за да го направат град Скопје поубаво место за живеење тие веќе исчистиле некои депонии.

Вакви депонии има на многу локации. Конкретно за оваа депонија од општината ни кажаа дека се подготвува Детален урбанистички план и дека веднаш по изборот на идејното решение на меѓународниот конкурс ќе се пристапи кон спроведување на тендерска постапка за избор на изведувач за изработка.Последен пат таков план имаше во јануари, но тој пропадна бидејќи се пријавиле само четири труда од потребни седум.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Трипати Мицкоски, еднаш Ковачевски, ниту еднаш Ахмети- кој беше споменат во говорот на новиот претседател Силјановска

Дејан Дејан

Едно лице загина, многумина се повредени при удар на зграда во јужна Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе