Вести Македонија

Застарената водоводна мрежа одговорна за големите загуби на вода

Загубите на вода бележат над 60 -65%, причина за ваквата состојба  со години наназад е фактот дека голем голем дел од општините имаат стари системи за водоснабдување и потребни се инвестиции во водоводната мрежа, велат експертите.

Станува збор за голем број општини, вели Шукова и треба да се работи на решавање на овој проблем.

„Во таа насока е и вториот заем што државата го зeма од Европската инвестициона банка кој што треба да помогне во висина од 50 милиони евра кој што треба да им помогне на општините во делот на водоснабдување и промена на системите или градба на нови системи за водоснабдување, нивно усовршување и во зависност од потребите на општините и системите за собирање на отпадни води. И покрај овој заем Министерството за животна средина, Министерството за транспорт и Министерството за локална самоуправа имаа програми кои ги поддржуваат овие ситеми, финансираат“ – вели Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.

Во врска со проектот за пречистителна станица во Скопје кој тапкаше во место, Шукова вели дека е во фаза на надминување со потпишување на одредени документи од Град Скопје и „Водовод и канализација“ и се очекува проектот наскоро да започне.

„Во наредните денови ќе се потпише и еден од договорите со кој обезбедуваме грант пари за овој проект, бидејќи не знам колку е запознаена јавноста ние се обративме до Фондовите на ЕУ за да обезбедиме и грант пари за овој проект кој што ќе го олесни заемот што го имаме од двете банки. При крајот на овој месец ќе се потпише и тој грант договор така што во наредните неколку месеци ќе започне проектот“– додава Шукова.

Според планот се предвидува проектот да се одвива во две фази, со можност во втората фаза да се изградат и единици за дезинфекција и третирање на атмосферски води.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе