Вести Свет

СЗО: Ковид-19 и натаму претставува глобална јавно здравствена криза

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека коронавирусот продолжува да претставува вонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на оваа агенција ма Обединетите нации.

Пандемијата е веројатно во „преодна точка“, па затоа се уште бара внимателно управување за „ублажување на потенцијалните негативни последици“, се наведува во соопштението на СЗО.

СЗО пред три години го прогласи Ковид-19 за глобална здравствена закана. Во пандемијата, во сите делови на светот од заразата починаа повеќе од 6,8 милиони лица, а болеста имаше негативно влијание врз светската економија и функционирањето на општествата.

Со пристигнувањето на вакцините и соодветните третмани во 2020 година ситуацијата со пандемијата почна полека да се менува, наведуваат британските медиуми.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изрази надеж дека вонредната состојба ќе биде укината оваа година, особено ако на глобално ниво се подобри пристапот до мерките против инфекцијата.

Советниците на експертскиот комитет на СЗО за статусот на пандемијата во декември минатата година соопштија дека веројатно не е време да се прогласи нејзиниот крај поради неизвесноста околу бранот на инфекции во Кина, која на крајот на 2022 година ги укина своите строги мерки за „нулта толеранција од Ковид-19“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе