Вести Свет

Џонсон тврди дека Путин дека му се заканил со ракетен напад, Кремљ одговори дека тој или лаже или не разбрал добро

Поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, изјави дека шефот на руската држава Владимир Путин му се заканил со ракетен напад во текот на еден телефонски разговор кој го имале во февруари годинава, непосредно пред почетокот на руската инвазија на Украина.

Според Џонсон, Путин го дал својот коментар откако британскиот премиер предупредил дека војната во Украина би била страотна катастрофа.

Своето обвинување Џонсон го кажал за еден документарен филм на ББЦ за комуникацијата на светските лидери со Путин низ годините.

Поранешниот британски премиер, тврди и дека се обидел да го одврати Путин од идејата за напад на Украина, со тврдењето дека оваа држава нема да му се приклучи на НАТО во блиска иднина.

Според британскиот премиер, Путин му рекол:

„Борис, не сакам да те повредам, но со проектил, ќе ми треба една минута, или такво нешто. Но мислам дека од крајно релаксираниот начин на кој зборуваше, начинот на кој беше некако исклучен од разговорот, како да се поигруваше со моите обиди да го натерам да преговара.“ – тврди Борис Џонсон.

Досега, никаква информација за оваа размена меѓу двајцата лидери не беше наведена во информациите пренесени до медиумите за телефонскиот разговор, ниту од Даунинг Стрит ниту пак од Кремљ.

Тоа што Џонсон го кажал не е вистина или попрецизно кажано, тоа е лага. Или е намерна лага или пак ненамерна и Џонсон не успеал да сфати за што му зборувал Путин, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков.

„Немаше закани со проектили. Додека зборувавме за безбедносни предизвици за Русија, претседателот Путин рече дека ако Украина стане членка на НАТО, потенцијалното распоредување на проектили на САД или други НАТО земји во близина на нашите граници, ќе значи дека тие проектили би можеле да стигнат до Москва за неколку минути. Ако овие зборови, тој ги разбрал на ваков начин, тоа е многу чудна ситуација“ – тврди Песков.

Дали изјавата на Џонсон е вистината или пак тој не разбрал или лаже можеби нема никогаш да биде откриено со сигурност, но тоа што е сигурно е дека поранешниот британски премиер, направи атрактивна најава за документарниот филм: „Путин против западот“, кој својата премиера ќе ја има денеска на вториот канал на британскиот јавен сервис.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе