Вести Македонија Најважни

Нова првостепена пресуда за „Титаник 2“ – Мијалков, Тачи и останатите обвинети добија по две години затвор

Сите обвинети во „Титаник 2“ – Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Влатко Сајкоски, Анета Стефановска и Сашо Срцев добија по две години затвор. Ова е новата првостепена пресуда на Кривичниот суд – Скопје за предметот за изборни нерегуларности во 2013 година. Казните овојпат се пониски за Мијалков, кој беше спроведен во судницата со задоцнување од половина час, за Тачи и за Ибраими од претходно изречените.

Кривичниот суд во 2019 година ги осуди обвинетите, но во декември лани, Апелациониот суд поради суштествени повреди на постапката ја укина пресудата и случајот го врати на повторно судење.

Обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска негираа вина за изборни нерегуларности до 2013 година. Сите во своите завршни зборови посочија дека работеле стручно и непристрасно, а според нив, обвинителот Бубевски не докажал надвор од разумно сомневање дека тие навистина го сториле делото.

Според обвинението, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Кулеба и Блинкен јадеа пица во Киев

Дејан Дејан

17 ранети во Харков по руски воздушен напад

Дејан Дејан

Двојно убиство во Стајковци – ОЈО Скопје изврши увид, ќе се вештачат траги, телата на починатите предадени на обдукција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе