Вести Македонија

Чулев: МВР доделила милионски бизнис на приватна фирма за набавка на храна иако има свои кујни

Ковачевски сака да остане ден повеќе на власт за да може да ги трошат парите од буџетот на милионски тендери. Не постои институција преку која не се испумпуваат милиони, а добитници на тендерите се фирми кои и претходно се јавувале како добитници на тендери или грантисти на власта, обвини денеска Наке Чулев, од ВМРО – ДПМНЕ.

Тој денеска сподели информации според кои приватна компанија која претходно добила грант за изградба на фабрика од владата, сега истата таа, вели, руши рекорди во добивање на милионски тендери во вредност од неколку милиони евра.

Од Министерството за внатрешни работи пак целосно ги демантираат ваквите наводи како дезинформациите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ, односно од Наќе Чулев за наводни неправилности или злоупотреби при набавката на храна од страна на МВР.

„Наспроти паушалните обвинувања, вистината е дека е спроведена јавна набавка по направени анализи и поставени високи критериуми кои треба да ги исполнува заинтересираниот економски оператор, а се однесуваат на вработени, техничка опременост како и гаранции за квалитетно извршување на услуга преку банкарска гаранција и осигурителна полиса за сите конзументи, се вели во реакцијата на МВР.

Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на Наќе Чулев во целост:

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе