Вести Македонија

Објавени првите имиња од аферата „Тајни имоти“

Аналитичарот Алберт Муслиу, кој веќе пет години е владин претставник во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, се` уште нема поднесено  анкетен лист до Антикорупциската комисија. Но, според истражувањата на ВМРО-ДПМНЕ, на сопствено име поседува куќа и стан во скопски Центар, основач е и сопственик на повеќе Здруженија и на фирмата за трговија „МАКРО МЕД“.

Анкетен лист нема ни адвокатот на СДСМ, Ивица Јевтиќ, кој е и член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил, а поседува стан во Скопје и е основач  на Адвокатското друштво „Тошиќ и Јевтиќ„ и на градежната компанија ФИЗ „Констракшн„.

Директорот на ЈП „Македонски шуми„, Валентин Груевски, не пријавил имот откако стапил на оваа функција, иако од претходниот анкетен лист се гледа дека поседува куќа и земјиште во Битола и автомобил Фоксваген Голф, а неговиот брачен другар – куќа во Ресен. На листата е и Новица Печински, член на Управен одбор на Здравствен Дом Берово, кој не пријавил куќа во Берово и автомобил.Нивните имиња се првите кои денеска беа објавени како дел од аферата „Тајни имоти„, во која опозицијата најави сознанија за 123-ца функционери кои кријат имот.

Премиерот денеска порача дека, ако опозицијата има сознанија дека некој крие имот, треба да ги достави до Антикорупциската комисија.Истото го побара и претседателката на оваа комисија.

Ивановска вели дека, ако имотот не е регистриран во Катастар, има проблем, затоа и три години бараат и да се донесе Законот за потекло на имот. Но, министерот за правда тврди дека и без него може да се открие незаконски стекнатиот имот на функционерите.

Во меѓувреме, случајно или не, откако беше најавена  аферата „Тајни имоти“ во петокот, корисниците на Катастарот на недвижности не можат да ги користат неговите услуги. Вработените немаат пристап до системот и не можат да се најават на своите кориснички профили.До апликациите не можат да пристапат ниту соработниците на Катастарот кои работат на нивно одржување, а не работи ниту сајтот на оваа институција.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе