Вести Македонија

Невреме во Охрид, кровна конструкција оштетила повеќе куќи

Откорната лимена кровна конструкција од зграда од невремето што попладнево го зафати Охрид оштетила повеќе куќи и возило.

Информацијата ја потврди раководителот на Центарот за управување со кризи од Охрид, Митко Темелкоски, посочувајќи дека за среќа нема поврдени луѓе.

Имаме дојава за паднат дел од кров на улицата „Лазо Трповски“, кој оштетил неколку соседни пониски објекти. Причинета е материјална штета, за среќа нема повредени, изјави Темелкоски.

Силниот ветер, проследен со дожд и град откорна дрвја, искршил гранки и искинал кабли од телефонски и телевизиски оператори во градот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе