Вести Македонија

Настов: Во Градски парк се адаптира теренот со тартан и ризла за пристапност на сите граѓани

Во Градски парк се адаптира теренот со тартан и ризла за пристапност на сите граѓани, соопштува директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов по жестоките реакциите во јавноста за вчерашното асфалтирање на патеката околу лавиринтот во Градскиот парк.

Непотребни се тензии во почетната фаза на реконструкција дури не се заврши целосно реконструкцијата, вели Настов и објаснува дека патеката околу лавиринтот се обложувала за бондирање, а потоа дека и ќе биде покриена со тартан материјал.

А останатите патеки, според него, се реконструираат со нова асфалтна маса заради поголема пристапност на барање на граѓаните.

Нема одговор на вчерашното барање на граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град, кои бараат Град Скопје веднаш да прекине со асфалтирањето, бидејќи на лето може да се загрее и до 67 степени.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жени и еднаквост- детали од говорот на првата жена претседател Гордана Силјановска Давкова

Дејан Дејан

ФОТО: Грчката амбасадорка Филипиду ја напушти собраниската галерија за време на инаугурацијата на Силјановска

Дејан Дејан

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе