Вести Македонија

Ѓоргиев: Роковите ги поставуваат политичарите, комисијата си има своја рутина, свои правила и свои принципи

Македонскиот копредседател на мешовитата комисија за историски прашања, Драги Ѓоргиев во вечерашната Топ Тема на Телма, изјави дека не чувствува преголем притисок од протоколот, затоа што тој е политичка изјава на владите а историчарите ќе си работат како што работеле и до сега, водејќи се од  академските и научни принципи.

Контекстот е поразличен, можеби влогот е поголем, условите се поразлични, создаде протоколот една поларизација во македонското општество и сето тоа ја прави положбата на комисјата поинаква, многу почувствувтелна, под поголем фокус на јавноста ќе биде.Од страна на повеќе бугарски политичари беше, можеби и остро кажано до тогаш да се заврши ова, до тогаш тоа, но тоа е логика на политиката. Тие рокови политичарите ќе ги поставуваат секогаш и тоа е нивна работа, меѓутоа оваа комисија си има своја рутина, свои правила, свои принципи и не секогаш тие принципи се совпаѓаат со оние на политичарите. Ние апсолутно сме одговорни, имаме одговорност пред јавноста, но повторно примарно за нас е нашиот академски интегритет и условите, кои ни дозволуваат до каде можеме да одиме со тоа, а не она што ќе биде наметнато од страна на политиката, изјави Ѓорѓиев.

Во врска со формулацијата за Цар Самуил која беше објавена кај нас, Ѓоргиев трди дека тоа е формулациајта за заедничко чествување а формулацијата за учебниците сѐ уште не е готова.

Понекогаш може да се најде решение многу брзо за одреден проблем доколку пристапите бидат малку поинакви, ако се излезе од, би рекол, зачаурени ставови, или обиди да се наметне своето видување на другата страна. Меѓутоа пристапот на наметнување на своите ставови, на своите наративи не овозможува да се постигне лесно резултат и тие резултати што се постигнати, можеби навистина за некои се мали, меѓутоа наративите со кои ние се судруваме се навистина многу различни и затоа резултатите доаѓаат многу бавно. Историјата е жива материја, учебниците исто така, потребни се проветрувања, во било која држава, и без овој конфликт нашите учебници треба да претрпат извесни измени, рече Ѓоргиев.

Копредседателот на комисијата вели дека прашањето за Гоце делчев не било замрзнато, туку едноставно на последните неколку средби имале премногу работа со технички прашања и едноставно немало време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе