Вести Македонија

Стопанската комора и Владата ќе одлучуваат за енергетската криза

Претставници на Владата и на Стопанската комора денеска ќе одржат работна средба за предлог-решенијата околу состојбите со енегетската криза.

Делегациите предводени од министерот за економија Крешник Бектеши и заменик претседателот на Комората и претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) Кочо Анѓушев ќе ја разгледаат најновата ситуација со движењеот на цените на струата и предлозите коио ги добија од МЕА.

МЕА на Седницата одржана овој месец ги донесе следните заклучоци:

  1. Да се зголеми домашното производство на електрична енергија користејќи ги сите можни ресурси.
  2. Владата да ја врати Уредбата активна во кризната состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата.
  3. МЕА бара измени во Законот за градба, со цел легализирање на индустриски капацитети/објекти само со Г намена (за незагадувачка индустрија), кои се изградени согласно веќе донесените урбанистички планови и имаат основни проекти, но немаат дозвола за градба од повеќе објективни причини.
  4. Владата да обезбеди гаранции дека во текот на претстојниот зимски период соседните земји нема да ги затворат границите за проток на електрична енергија.
  5. Регулаторна комисија за енергетика да припреми правилник за организирање дистрибутивни мрежи.

По завршување на средбата околу 12 часот е предвидено да дадат изјава за медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе