Вести Македонија

Лисабон ќе дава целосна поддршка на Северна Македонија во преговорите со ЕУ

Португалија ќе продолжи да дава целосна политичка и техничка поддршка на Северна Македонија во целиот евроинтегративен процес на земјава и не очекува натамошни билатерални блокади од Бугарија во текот на преговорите со ЕУ, ваква порака вчера од Скопје упати шефот на португалската дипломатија Жоао Гомес Кравињо. За него пристапувањето на Северна Македонија во Унијата е од суштинско значење не само за земјава и регионот, туку и за самата ЕУ.

Гомес Кравињо не очекува дека во текот на преговорите на земјава со ЕУ повторно ќе има билатерална блокада од Бугарија, што за него, е заокружено прашање. Во одговор на новинарско прашање во што беше подобрен португалскиот предлог, тој оцени дека „во политиката целта не е да се постигне се, туку она што е возможно“.

На новинарско прашање што го прави францускиот предлог подобар?

Тој одговори дека вложиле многу напори во тоа да состават еден предлог кој ќе биде прифатен.Во политиката целте е да се постигне само она што е возможно и токму таков беше и проколот со кој се оди чекор напред.

Со тоа се овозможува почеток на процесот на скрининг што е доста интензивен и технички има две фази. Првиот е објаснувачки скрининг, ЕК ги објаснува различните фази односно аспекти на законодавството, потоа следува билатералниот скрининг кога се утврдуваат јазовите во законодавната рамка на Северна Македонија, вели Гомес Кравињо.

Значи, додаде Гомес Кравињо, почнува овој скрининг процес, потоа ќе се одржи втората меѓувладина конференција веднаш штом ќе заврши скринингот и штом ќе се заокружат уставните измени, оценувајќи дека сите земји имаат тешки моменти во текот на преговорите, но во случајот на Северна Македонија не гледа причина дека ќе има билатерални блокади.

Гомес Кравињо вчера во Скопје оствари средби и со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на кои ја повтори целосната португалска поддршка за државава.

Османи од своја страна се заблагодари за континуираната португалска поддршка на нашиот европски пат, потенцирајќи дека Северна Македонија останува силно посветена на реформските задачи што ќе треба да ги исполниме во текот на преговорите и на градењето добрососедски односи како влог во нашата европска иднина.

Османи рече дека во однос на унилатералната изјава успеале да ги имаат сите три елементи и покрај тоа што предлогот од германското до француското претседателство бил само да се наведе дека е официјален јазик кодифициран во 1945 година.

– За нас беше важно овие три елементи да бидат инкорпорирани – Уставот, Резолуцијата предложена од опозицијата во 2021 и заклучоците од последната одлука на Собранието. А се разбира, книги може да пишуваат историчарите по однос на тоа, но оваа не е таква изјава. Многу е важно да кажам дека унилатералната изјава на Бугарија не е преседан, туку е веќе пуштена во ОН уште во 2018 година. Истата таа изјава сега се повторува во земјите членки на ЕУ. Како што немаше никакви импликации во ОН за македонскиот јазик со унилатерална изјава, еве дури не сте ни знаеле дека имало унилатерална изјава пред четири или пет години, таква е тежината и на оваа унилатерална изјава, изјави Османи.

Прашан кои се автори на декларацијата, Османи рече дека биле консултирани луѓе кои се занимаваат со оваа проблематика.

– Говорот на омраза не е поврзан со работата на Историската комисија, туку како владите да отворат можност за подобри односи помеѓу граѓаните, помеѓу бизнисите помеѓу двете држави. Очигледно дека сме влезени во еден негативен тренд на односи во коишто бираме кој повеќе тешки зборови за другиот, навредувајќи ги граѓаните, па и државите од едната и од другата страна. Мора да ставиме стоп на таквиот тренд доколку сакаме да бидеме пријатели и да бидеме сојузници во ЕУ. Немаме никаков интерес да бидеме во негативен тренд на односи и говор со Република Бугарија, оцени Османи.

Според него, овој протокол, овој договор е потпишан под добра волја и затоа од таков аспект треба да се гледаат и одредбите во делот на следење на говорот на омраза, потсетувајќи и дека во Бугарија исто така се следи тамошниот говор на омраза.

Во одговор на прашањето дали имал средба со членовите на македонскиот дел од Историската комисија во однос на Протоколот, Османи рече дека се сретнал со нив додека го договарале Протоколот и дел од нивните забелешки се вметнати во финалната фаза на самиот документ.

– Во наредните денови планирам да се видам со целата Комисија, почнувајќи од утре со коишто ќе разговараме за чекорите понатаму, информира Османи.

Во однос на најавите за референдум од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Османи рече дека не гледа причина за референдум.

– Освен ако референдумското прашање не биде дали сте против ЕУ со македонски јазик во него – не знам за што би имало друго референдум, бидејќи сите прашања што за нас се важни се обезбедени со овој договор. Јазикот е чист, историските прашања не се одредници за отворање и затворање поглавја и имаме почеток на преговори. Единствено логично прашање на тој референдум би било „Дали сте за стопирање на европскиот пат на Република Северна Македонија, притоа загрозувајќи го македонскиот јазик во ЕУ? Друга причина за референдум навистина не гледам, оцени Османи.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји пак оцени дека со стартот на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија во Унијата „се враќа волјата за проширување“ и ЕУ е подготвена да се движи напред, но оти ова е момент за отрезнување за земјава, а пред се за опозицијата.

И евроамбасадорот Дејвид Гир потврдува дека Европската Унија ги почна преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

 

Тој нагласи дека сега останува земјава да ја исполни својата обврска за промена на Уставот за вклучување во него на „лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари“, а доколку тоа не се случи тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот на проширување ќе застане.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе