Вести Македонија

Пендаровски – Кравињо: Земјава интензивно се подготвува за скрининг процесот

– Можностите за унапредување на билатералните односи на двете земји, во контекст на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, унапредување на правната рамка и зајакнување на економската соработка, како и очекување дека соработката во одбраната дополнително ќе се интензивира во рамки на НАТО биле теми на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски и португалскиот министер за надворешни, Жоао Гомес Кравињо, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

Во разговорот, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност за силната поддршка од Португалија во исполнување на нашата европска агенда и посочи дека со неодамнешното одржување на Меѓувладината конференција во Брисел се означува ново поглавје од евроинтеграцискиот процес што е од огромно значење за Северна Македонија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски посочил дека земјава интензивно се подготвува за скрининг процесот, кој започнува во септември и се очекува да даде пресек за подготвеноста и усогласеноста на македонското и европското законодавство.

Соговорниците се согласија дека отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и справување со влијанијата од руската агресија врз Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе