Вести Македонија

Нова опрема за прилепските пожарникари, а ново комунално возило за Ѓорче Петров

Прилепската противпожарна единица од Дирекцијата за заштита и спасување доби нова опрема, главно за дејствување при елементарни непогоди и сообраќајни несреќи.

– Со одлука на владата се распределува опрема во противпожарните единици, а денеска во прилепската противпожарна единица. Самата опрема се состои од комплетен сет за повлекување и стабилизирање при елементарни непогоди, посебно при земјотреси и сообраќајни несреќи, има и агрегарт, пумпи за справување со поплави, црева, друга неопходна опрема, изјави Ибрахими.

– Секоја опрема е прекудобредојдена за дејствувањето на единицата. Засега ситуацијата со пожарите е релативно мирна, за 50 насто се помалку пожарите во споредба со јули минатата година. Но ние сме подготвени да реагираме. Секогаш има потреба од нова опрема и вработувања. Имаме 13 возила, функционални се осум, но најголем проблем е сервисирањето на возилата. А според законот и бројноста на жителите, потребни се уште 10-тина пожарникари. Главно е да се дејствува превентивно, да се спречат пожарите и оние што намерно потпалуваат, при незаконското сечење и превоз на дрва, да не се палат стрништата, вели Стојчески.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, изјави дека локалната самоуправа има план за набавка на опрема, а засега се ангажираат сезонски пожарникари.

 

– Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска го посети комуналниот пункт во општината каде официјално изврши примопредавање на новото комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните средини.

Како што соопшти Општина Ѓорче Петров, комуналното возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните средини е теренско-комунално возило, кипер со додатоци – плуг за чистење снег и соларка за зимско одржување на улиците со мултифункционално значење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Руските сили презедоа контрола над пет села во Харковскиот регион

Дејан Дејан

ФОТО: Силјановска го доби официјалното уверение дека е 6-ти претседател на својот роденден

Дејан Дејан

Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе