Вести Македонија

Дали се почитуваат препораките на Владата за работните обврски?

Македонскиот дипломатски синдикат реагира, за непочитување на две препораки на Владата за ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и хронично болни лица.

-Првата препорака се однесува на периодот 21-24 јули и целосно не беше испочитувана. Со втората препорака овој период беше пролонгиран до 27 јули. МНР само делумно ја испочитува втората препорака на Владата и ги ослободи ранливите категории од обврска за доаѓање на работа само на 26 и 27 јули оваа година, велат од Синдикатот.

Додаваат дека се обратиле до министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговите соработници уште на 1 јули со молба да се имаат предвид временските услови и жештини карактеристични за овој период и да се обезбеди соодветна заштита или ослободување од работа на ранливите категории вработени, како што се бремените жени, хроничните болни, вработените над 60-годишна страрост.

Тие нагласуваат дека ќе се борат за правата на вработените.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе