Вести Македонија Најважни

Османи го видел францускиот предлог, но засега нема да го коментира

Министерот за надворешни, Бујар Османи не открива кој е ставот на македонската влада за измените што ги предлага Франција во преговарачката рамка.
Иако формално не е пристигнат овој документ, шефот на дипломатијата е запознаен со неговата содржина.
Сепак, ќе чека прво да се произнесат земјите членки кои ќе бидат нивните забелешки и дали ќе ги усогласат ставовите.
Молчењето во јавноста го претстави како најдобро решение во моментот но тврди дека во позадина се прават детални анализи.

„Така е направена проценка дека ние треба сега да работиме со земјите членки, но, нашиот став ќе го дадеме откако ќе ги слушнеме сите во однос на текстот и откако ќе заврши анализата. Лесно е вие да го имате текстот и да кажете прв впечаток, наша работа е да направиме длабоки анализи за секој збор, за сите импликации кои што произлегуваат од тие зборови, за да го видиме поголемиот контекст што се случува на светско ниво, што се случува на европско. Кој е моментумот, кое е сценарио еден и кои последици би ги имало, сценарио два кои последици би ги имало. Верувајте, работиме професионално, без емоции, работиме во интерес на одбрана на државните интереси, имајќи го предвид вкупниот контекст во кој живееме“ – изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Предлозите на француското претседателство најверојатно ќе бидат една од темите на кои утре ќе дискутираат партиите од владината коалиција потврди Османи иако вели коинциденција е тоа што се одржува два дена по нивното објавување, бидејки била закажана од претходно.
Екс министерот за надворешни, Никола Димитров, смета дека францускиот предлог е дебакл за македонската дипломатија и не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ.

„Внесувањето на бугарските барања во преговарачкиот процес, и тоа во најважниот дел – кластерот Фундаменти, ни ја става судбината целосно во рацете на Софија. Ако таа не е задоволна од што било, ќе си стоиме во место или ќе нѐ вратат назад“ – изјави Димитров за Дојче Веле.

Со предлог преговарачката рамка на Франција се вметнува дека добрососедските односи и регионалната соработка, треба да се потврдат и преку постигнувањето на видливи резултати во имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија. Со тоа протоколот за спроведување на договорот меѓу Бугарија и Македонија ќе биде составен дел од преговарачката рамка, што беше едно од клучните барања на Бугарија.
Во дел од новиот текст на преговарачката рамка, во кој се споменуваат вообичаените обврски за целосно почитување на копенхашките критериуми, се вклучува и анти-дискриминацијата и борбата против говорот на омраза, што исто така беше едно од повеќето бугарски барања.
Во однос на статусот на македонскиот јазик, во преговарачката рамка се наведува дека при преводот на европското аки на македонски, ЕУ ги зема предвид соодветните намери на Бугарија и Северна Македонија да донесат унилатерални декларации со кои ќе ги нагласат своите ставови за ова прашање.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе