Вести Македонија

Клиниката за гастроентерохепатологија доби нов ултразвучен апарат

Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денеска го презентираше новиот ултразвучен апарат кој ќе биде дел од Центарот за болести на црн дроб и примарно ќе се користи во дијагностика на карцином, а потоа и за други ултразвучни иследувања за потребите на пациентите на оваа клиниката.

Д-р Калина Гривчева Старделова, упатувајќи благодарност до донаторот, фондацијата „Никола Јанчев“,  на настанот изјави дека овој апарат е одличен за одредување на структурата на црниот дроб и можност рано да се забележат сите оние сомнителни промени во градбата на црниот дроб кои потенцијално би ги доиспитале и ако се покажат потребни за интервенција би интервенирале понатака.

– Превенцијата би била со следење на потенцијални пациенти кои можно би добиле карцином на црн дроб, лекување на вирусните хепатити Б и Ц, рана детекција е нешто што е апсолутно секаде идеја како би се третирало, рече таа.

Дополни дека овој апарат е од новата генерација, и, како што рече „нас и на нашите пациенти неизмерно многу ни значи“.

Јанинка Чупаркоска од Фондацијата „Никола Јанчев“ истакна дека при едно вакво време на глобално здравство и економска криза, сепак успеале да дадат еден хуман акт со доделувањето на ултразвучниот ехо-апарат кој што е во вредност од два милиони и триста илјади денари.

– Нашата донација има една единствена цел а тоа е да им помага на луѓето преку хуманитарни активности, рече таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе