Вести Македонија

Олаф Шолц во сабота во Скопје и во Софија

Германскиот канцелар Олаф Шолц во сабота доаѓа во посета на Северна Македонија, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан. По средбите со македонскиот државен врв германскиот канцелар заминува за Софија.

Се очекува теми на средбите во Скопје и во Софија да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.

Шолц во рамки на балканската турнеја, претходно ќе ги посети Србија и Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе