Вести Македонија

Топ Тема – Можно ли е тргање на бугарското вето, каков ефект ќе имаат промените во бугарската влада?

По веста за напуштањето на бугарската влада на партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов и подготвеноста на премиерот Петков да раководи со малцинска влада, поранешниот македонски заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски,  изрази оптимизам дека навистина се случуваат сериозни обиди за деблокирање на европските амбиции на нашата држава.

„Ова што се случува во Бугарија кажува дека се повеќе се приближуваме кон денот кој ќе донесе одлука и се надевам дека таа ќе биде позитивна“ – вели Жерновски.

Новинарот Сашо Орданоски оцени дека проблемите со владата во Софија се од различен вид, меѓу кои е и Македонија, но не е оптимист дека прашањето ќе се реши во оваа фаза.

„Со ова се занимаваат европјаните, додека не се зафати најважната членка на ЕУ а тоа се Соединетите американски држави, во решавањето на проблемот а јас мислам дека тоа следува во јули и август, се остава еден простор Макрон до крај да се обиде, бидејќи претседава со ЕУ “ – вели Орданоски.

Тој смета дека неговиот обид е осуден на пропаст бидејќи тоа и на Македонија и одговара, затоа што ако Макрон треба да биде гарант на тоа, треба да бидеме крајно внимателни. Според Орданоски, треба да се гледа пошироко дека Петков не е европски, туку американски проект, како и анализа на контекстот на проблемите во Бугарија, каде Русите имаат најсилно влијание, секако на Балканот, таму нив ги чека голема работа.

Мене ми делува ова на уште една епизода од политичкиот театар во Бугарија во режија на Трифонов и претседателот Румен Радев, со кои се гасат надежите за брзо решение во јуни, изјави новинарот Борис Георгиевски, оценувајќи дека најавената посета на германскиот канцелар Олаф Шолц на Скопје и Софија, може да се покаже како напор на германската дипломатија да се најде решение, но шансите за тоа се многу мали, оценувајќи дека позициите на Петков се ослабени, при тоа наведувајќи ја неговата изјава дека деблокирањето на македонските преговори со ЕУ би било можно дури откако ќе бидат внесени Бугарите во македонскиот устав.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе