Ковид19 Македонија

Средината на есента донесе пораст на бројот на новозаразени, во последната недела има и 36 реинфекции

Првпат по подолго време бројот на тестирани позитивни денес надмина петстотини. Во последното деноноќие 511 пациенти добиле позитивен резултат на ПЦР тест, информира Институтот за јавно здравје.

Освен Скопје со 247, Куманово бележи 54 случаи, а над 20 имаат уште Велес, Кочани и Битола. Позитивни случаи се регистрирани уште во 24 други градови.

А, дека расте бројот на пациенти болни од Ковид, потврда е извештајот на Институтот за јавно здравје. Во периодот од 18 до 24 октомври забележано е зголемување на бројот на нови случаи за 22,6% повеќе, во споредба со претходната недела.

Во тој период направени се над 21 илјада тестови, што е исто така повеќе во споредба со претходната недела. 2.704 пациенти новозаразени со Ковид се од 33 градови ширум државата.

Од симптомите, најпријавувани се висока температура, малаксаност и кашлица, а поретко главоболка, мускулна болка или болка во зглобови. Најмалку од пациентите се соочиле со губење на чувството за мирис или вкус.

Починати се 79 лица.

Во извештајот на епидемиолозите од Институтот за јавно здравје впишани се и податоците за 36 реинфекции со Ковид, што исто така е пораст за речиси 6% во споредба со претходната недела.

Информациите од болниците се дека 514 пациенти во моментов се лекуваат во болнички кревет, од кои најголемиот дел – 331 се на кислородна поддршка и 27 на респираторна машина.

Во периодот кој го опфаќа извештајот на Институтот, со трета доза се вакцинирани 10.444 лица.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе