Вести Македонија

Македонија – тема на вонредната седница во бугарското Собрание

Бугарското собрание за денеска свика вонредна седница на која меѓу другото ќе зборува техничкиот министер за надворешни работи Николај Милов за, како што наведуваат бугарските медиуми, нападите врз Бугарите во Македонија.

Во меѓувреме бугарското МНР го повика на консултации во Софија амбасадорот Ангел Ангелов поради сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија.

Причината за неговото привремено враќање во земјата, како што посочуваат од бугарското МНР, е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар на културниот клуб „Иван Михајлов“ – Битола во јуни 2022 година, трите напади на зградата на клубот „Цар Борис III“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, бруталниот напад на 19 јануари 2023 година на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Цар Борис III“ во градот Охрид, како и донесувањето на дискриминаторскиот закон за фондации и здруженија во Северна Македонија во ноември 2022 година.

Бугарското МНР истакнува дека целта на консултациите е да запре, како што велат, опасниот тренд на зголемување на притисокот врз граѓаните во Македонија кои се чувствуваат како Бугари.

Милков соопшти дека ги информирал своите колеги во Советот на ЕУ за случаите на зголемен притисок врз претставниците на бугарското малцинство во Македонија. По средбата пред бугарските новинари во Брисел, тој изрази очекување дека ЕУ ќе заземе став.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски вчера, по состанокот на Советот за безбедност, ја информираше јавноста дека ќе ѝ предложи на Владата да им забрани влез на европратеник и уште неколкумина бугарски државјани.

Иако не го спомена со име и презиме, повеќе од јасно е дека станува збор за европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски, кој е познат по националистичката и навредлива реторика кон С Македонија и македонскиот народ во историски, но и во контекст на актуелните политички случувања и настани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апелациониот суд Гостивар одлучи да ја укине Пресудата на тетовскиот суд за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

Земјоделците се оставени на милост и немилост на откупувачите

Дејан Дејан

Прскањето против ларви од комарци доцни веќе месец дена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе