Вести Македонија Најважни

Фатен битолчанецот кој преку прилепска пошта писмено се закануваше на обвинителите Јовески и Русковска

Претпладнево во Битола е уапсен 56-годишниот Стевче Зика кој е осомничен дека ги праќал заканувачките писма за државниот обвинител Љупчо Јовески и за раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.

Според првичните информации, Зика ги напишал двете писма дома, а потоа одел во Прилеп за да ги испрати до обвинителствата и до обвинителите и на тој начин да ги залаже истражителите.

Од МВР потврдија дека осомниченото лице е уапсено, но повеќе детали најави за текот на денот.

Терористи со писмо на англиски јазик испратија закани по животот на обвинителот Љубомир Јовевски – бараат слобода за новинари на тв АЛФА

Од МВР соопштија дека во откривањето на заканувачот учествувале и припадници на Агенцијата за национална безбедност:

Кривична пријава за загрозување на сигурноста Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.З. (56) од Битола, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Имено, на 11 декември 2021 година пријавениот С.З., преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил едно писмо со заканувачка содржина до една амбасада во Скопје, додека на 20 и 22 декември 2021 година С.З. преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил писма со сериозни закани по животот на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Вилма Рускоска.

Исто така, на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Битола, пријавениот испратил писмо со сериозни закани по животот на Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со навистинити генералии.

Веднаш по добиените пријави полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност преземаа мерки и активности за расчистување на случајот.

Врз основа на издадени Наредби за претрес во дом и други простории од ОС Битола, на 21.01.2022 извршени се претреси на две локации на подрачјето на Битола, и тоа во домот на С.З. и во домот на неговата мајка Љ.З..

При извршените претреси се пронајдени и одземени мобилен телефон, лап-топ компјутер и предмети поврзани со кривичното дело. С.З. е лишен од слобода и во ПС ОН Битола е извршен разговор со него, а по извршено графолошко вештачење од страна на ОКТИВ утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од С.З. и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма. С.З. е приведен и со кривичната пријава ќе биде предаден на надлежното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преговорите за влада на пауза, кадровските прашања за крај

Дејан Дејан

Го прекрши ли Силјановска – Давкова Уставот со ифрлањето на „Севрена“ од заклетвата?]

Дејан Дејан

Годинава скромен раст од 2, 6 отсто, Бежоска предупредува финансиските институции се уште имаат најповолни услови за позајмици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе