Вести Свет

Бурата „Даниел“ ја претвори Тесалиската рамнина во езеро

За нешто повеќе од два дена бурата Даниел во централна Грција донесе над 800 литри вода на метар квадратен, што претставува повеќе од целокупниот годишен просек за врнежи во регионот. Грчките медиуми јавуваат дека тесалиската рамнина е претворена во езеро, а најпогоден е градот Кардица и околните населени места, каде луѓето денеска беа приморани спас од надојдената вода да бараат на покривите од своите домови.

Бурата Даниел го погоди североисточниот дел на Медитеранот, предизвикувајќи огромни штети во Грција, Бугарија и Турција. Најмалку 12 лица ги загубија животите во трите земји, а се трага по десетина други кои биле однесени од надојдените води засолнувајќи се во објекти или обидувајќи се да избегаат.

Грчките власти потврдија дека се води потрага по неколку лица, меѓу кои и австриски нововенчан пар кои во Грција биле на меден месец. Тие одлучиле од бурата да се засолнат во вилата која ја изнајмиле во Потистика, но таа била однесена од надојдената вода.

За разлика од Грција, каде што дури доцна попладнево се очекува да се намали интензитетот на врнежите, ситуацијата се враќа во нормала во Бугарија и Турција. Санирањето на штетите започна, патиштата се расчистуваат а до отсечените населени места ќе бидат поставени понтонски мостови. Бугарските власти започнаа со испуштање на водата од две вештачки езера во близина на Царево затоа што било регистрирано оштетување на насипите. Во исто време продолжува и евакуиацијата во своите земји на 4.000 странски туристи.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жестоките борби продолжуваат во северниот дел на Газа

Дејан Дејан

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Трипати Мицкоски, еднаш Ковачевски, ниту еднаш Ахмети- кој беше споменат во говорот на новиот претседател Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе