Вести Македонија Топ вести

Преговори со ЗНАМ има, договор за Влада нема

ЗНАМ е новиот можен партнер во владината коалиција. На првиот состанок не е постигнат договор со ВМРО ДПМНЕ, но наредните денови разговорите ќе продолжат. Состанокот на работните групи е искористен за пласирање на стратешките определби, потенцираат од партијата и најавуваат дека за поделба на ресорите ќе разговараат во втората фаза. ЗНАМ инсистирала дел од нивната програма насловена „Проглас за достоинствена Македонија“ да биде дел од идната владина програма, соопшти партијата доцна синоќа.

-Движењето ЗНАМ ја темели својата платформа врз неколку идеолошки столбови: Македонија како современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во ЕУ на достоинствен начин, држава во која има правда за сите,  нулта толеранција за корупција, самоодржлива држава која произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи на економијата и на социјалните политики, подобар животен стандард и стабилни меѓуетнички односи, се вели во соопштението од движењето знам.

 

Состанокот се одржал во просториите на ЗНАМ. Присуствувале генералниот секретар Горан Минчев и потпретседателите Весна Бендевска и Павле Арсоски, а ВМРО-ДПМНЕ било застапено од потпретседателите Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски. Најголемата партија во разговорите за нова Влада е најмолчалива.

-Се уште нема конечен договор. Тоа што можам да го споделам е дека разговорите се одвиваат во позитивен дух, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

 ВМРО-ДПМНЕ не соопштува детали и од разговорите со коалицијата „Вреди“ кои почнаа уште пред десетина дена. Велат дека се во напредна фаза, но деновиве ќе продолжат бидејќи конечен договор нема. Информациите од партиите на Албанците се дека тие ќе имаат тројца вицепремиери, четворица министри, 5 до 7 заменици министри но и претседател на Собранието. Тој треба да биде избран на Конститутивната седница што е закажана за вторник, 28-ми мај. ВМРО-ДПМНЕ уверува дека самата има мнозинство од 61 глас, а заедно со Вреди и ЗНАМ – дво-третинско мнозинство.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски се жали во судот во Стразбур за предметот Тенк – објавено на што се однесува апликацијата и прашањата што треба да ги одговори државата

Дејан Дејан

Кога ќе ја пронајдат ќе треба да одлежи две години затвор мед. сестра за проневерување лекови од онкологија. Апелација ја птоврди пресудата, но таа е во бегство

Дејан Дејан

Summer job како испомош во Бон- како МНР ја испрати поранешната ТВ водителка Бесмира Ејупи во дипломатска мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе