Вести Свет Топ вести

Нови жртви во Грција, туристите бараат разладување во морето но, на сонце се издржува само половина минута

Европа е во „црвено“. Топлотниот удар однесе уште една жртва на Кипар откако еднонеделниот бран донесе рекордни температури, а на островот беснеат и пожари. На малиот грчки остров Матраки близу Крф, денеска е пронајден мртов американски турист, кој во четвртокот беше пријавен за исчезнат. Ова еден од серијата случаи кога туристи загинаа или исчезнаа на грчките острови, а дел од нив заминале на планинарење на многу топло време. Туристите бараат разладување во морето, но на плажа не се издржува долго.

  • Мора да се фрлате во вода на секои десет минути и да седите на сенка, или да одите и да седите во климатизиран простор. Се разбира, треба да пиете вода и да избегнувате да седите на сонце, не повеќе од половина минута, рече Стаматис, жител на Атина.

Со чадори во рацете, внимателно бирајќи ги сенките под дрвата, вака се движи поворката туристи во Истанбул, градот кој се наоѓа на брегот на Мраморното и Црното море. Тешко е и за жителите и за туристите.

  • Тешко е, се разбира. Тешко е за секого. Тие не ја очекуваа оваа жештина бидејќи не е жешко тука во јуни. Тие велат дека температурата се чувствува како да е 39 степени во сенка, па се обидуваме рутата да ја поминеме со скокање од сенка до сенка, вели Ердем Алагоз, туристички водич.

Најголемиот светски извозник на сок од портокал, Бразил, каде е во ек бербата на портокалите, веројатно ќе ја одбележи најлошата година во последните четири децении, поради екстремните временски услови и порастот на болестите.

  • Ова е дрво кое има знаци на позеленување. Овошјето не зрее, паѓа порано или станува помало за време на бербата. Потоа губи на тежина и на квалитетот на сокот. Прашањето во последните две-три години не е само позеленувањето, тоа е времето. Речиси е зима, а температурите се високи. Високи преку ден, но навечер температурата паѓа. Имаме голема разлика од 20 C, 10 C наутро и 30 C попладне. Фабриката не може да ја издржи оваа температурна промена, рече Оскар Симонети, фармер на портокали.

Иако сме на почеток на летото, рекорди високи температури се забележани и на Американскиот континент. Хаотичната метеоролошка карта не исклучува висок потенцијал за силни грмотевици кои се развиваат помеѓу топлиот и студениот фронт.

  • Значи, ограничување на времето на отворено колку што е можно повеќе, особено во текот на денот. Колку што можете повеќе течности, очигледно безалкохолни, колку што е можно повеќе вода. И проверка на поранливите луѓе, рече Вилијам Черчил, метеоролог на Националната метеоролошка служба на САД.

Во истовреме во Велика Британија и понатаму има невообичаено ниски температури, со силен дожд. Научниците велат дека екстремните временски услови се почесто се случуваат поради климатските промени предизвикани од човекот, од согорувањето на фосилни горива како нафта, гас и јаглен.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Дејан Дејан

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе