Во 1767 година, британската принцеза Каролин е венчана за лудиот крал на Данска, Кристијан VII. Нејзиниот живот со превртливиот монарх, во непозната земја, станува мизерен и досаден. Кристијан наскоро ќе добие придружник, Германецот д-р Јохан Струензе, тивок идеалист човек на Просветителството. Како единствениот што може да влијае на кралот, Струензе е во состојба преку Кристијан, да започне со опсежни реформи во Данска.
Тајната афера на Каролин и Јохан ќе се покаже како трагична грешка што нивните конзервативни непријатели ќе ја искористат во своја полза. Следува конфликт кој бара жртви од љубовниците.
Нивната страст засекогаш ќе ја промени нацијата.