Македонија

Потопорниот ѕид кој се урна со себе ја одвлече и одговорноста

Ситуацијата на терен од ден во ден e се полоша, сите засегнати институции сакаат да се реши проблемот, но и по една недела, никој не презема ништо со урнатиот потпорен ѕид на Клинички.  Додека граѓаните стравуваат за нивната безбедност, надлежните на различни страни и се неуспешни обиди за решавање на проблемот. Град Скопје, општина Центар и центарот за управување со кризи седнаа на состанок и заклучија дека е надлежноста е во здравство, министерството пак тврди дека не било повикано на средба и не се знаеле дека имало состанок.

„Акутно и веднаш е поправката на оградата која што е во надлежност на министерството за здравство, бидејќи таа е само ограда за еден објект односно за универзитетските клиники и тоа ќе се реши во наредниот период од страна на министерството за здравство. Денеска на состанокот беа повикани претставници од министерството за здравство, денеска не присуствуваше а во секој случај записникот ќе им биде доставен“, вели Драги Тарчуговски, државен советник во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Проблем освен со потпорниот ѕид граѓаните на Белградска имаат и со подземните води кои излегуваат на површина, надлежните се уште на нов состанок меѓу град Скопје и општина Центар ќе ги договараат следните чекори.

„Така да проблемот е многу сериозен, такви средства ниту има Општината, ниту има Градот и тоа е нешто кое како стратешка инвестиција што треба да се направи базирано на она кое што го видовме дека Водостопанство како акционерско друштво од државна сопственост веќе извршило студија во минатата година. Таа е сериозен, голем, стратешки проект којшто ги опфаќа сите места каде што потенцијално има канали коишто во овој момент се уништени и би требало да се ревидираат“, вели Данела Арсовска градоначалничка на град Скопје.

Експертите велат дека стабилноста на станбените објекти е доведена во прашање, и иако веќе 15 години предупредуваат, надлежните не преземаат ништо.

„Уште пред 15-тина години испратив лично писмо загрижен за она што се случува во тој дел од градот , за стабилноста на објектите кои таму се градат дека голем дел од потпорните ѕидови не се испроектирани за да можат да носат таков зголемен товар. За жал тоа помина со молк од оние што беа надлежни“, вели Проф. Д-р Горан Марковски декан на Градежен факултет Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов пред една недела алармираше дека падна дел од ѕидот кај Детска Клиника. Додека граѓаните исплашени се движеа по овој дел до градот, институциите си ја префрлаа топката за тоа чија е одговорноста.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени тројца браќа за убиството во гостиварско Дебреше во полициска акција „Обрач“

Дејан Дејан

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе