Вести Македонија Топ вести

Две години затвор за медицинска сестра на Онкологија за проневера на лекови – Апелација ја потврди пресудата, таа е во бегство

Амела Османовиќ, не ја дочека пресудата во земјава ниту, пак, потврдата од Апелација дека треба да одлежи две години затвор. Таа е недостапна за одслужување на казната откако судот, а сега и апелција потврдија дека е виновна за проневера на цитостатици од клиниката за онкологија.

Апелационитот суд и ја одби жалбата и се согалсува со доказите дека во три наврати, во три различни денови, изнела ампули, а со намера да стекне материјално богатство.

Случајот кој се водеше против 29-годишната медицинска сестра е засебен и не е поврзан со големата истрага за злоупотреба на биолошката терапија на Клиниката, а каде што Јавното Обвинителство сомничи пет лица меѓу кои и четворица доктори.

Предметот е обемен и сè уште не е завршено вештачењето на илјадниците медицински картони. Пред обвинителите треба да седнат и осомничените за да бидат соочени со доказите кои ги прибира обвинителството.

Во предметот во тек е истражна постапка против пет лица за злоупотреби на Клиниката за онкологија и се преземаат повеќе дејствија за обезбедување докази.

За дел од медицинските досиеја во тек е вештачење од странски онколошки експерти.

Во текот на целата постапка јавноста е информирана соодветно без да се наруши текот на истражните дејствија“, информира Ј.О.

Со истрагата засега се опфатени седум тендери.

Терапиите чинеле до 5.000-6.000 евра.

Се препишувале во просек една до две терапии дополнително, но имало случаи и на повеќе препишани терапии.

Главното прашање на кое одговор треба да даде истрагата е за кого осомничените обезбедувале корист.

Судот донесе одлука да им ги одземе пасошите на лекарите Нино Васев и Нухи и да им забрани да го напуштаат живеалиштетото.

На Васев му е забрането и да се доближува на своето работно место.

Павле Беловски 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Дејан Дејан

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе