Вооружените сили на Словенија наскоро ќе почнат да користат воени електрични мотоцикли развиени од словенечката компанија STRIX eMotors.
Ќе бидат користени главно за специјални извидувачки мисии.
Жељко Крал, шеф на директоратот за логистика на Министерството за одбрана, рече дека владата инвестира многу во национални развојни проекти за да им помогне на словенечките компании да развијат различни производи со двојна употреба.
Strix iMotors беше избран минатата година со јавен тендер за развој на цврст ендуро електричен мотоцикл прилагоден на потребите на војската.
Директорот на компанијата Сашо Емин рече дека мотоциклот има погонски систем што овозможува тивко работење.
-Може да помине 100 километри со едно полнење.
На мотоциклот може да се монтираат различни видови оружје и муниција, а специјалните инфрацрвени светла обезбедуваат добра видливост во текот на ноќта.
Министерството планира да го прикаже мотоциклот, кој веќе го привлече интересот на норвешките и холандските вооружени сили, на претстојната меѓународна одбранбена изложба Евросатори во Париз.