Вести Економија Топ вести

И првиот регулатор Бислимовски е изненаден од поскапувањето на струјата од ЕСМ наменета за домаќинствата

И првиот регулатор Бислимовски е изненаден од одлуката  струјата од ЕСМ наменета за домаќинствата и малите потрошувачи да поскапи за  5 отсто. Пред неколку дена на затворена седница, Влада пресмета дека цената за мегават од државните електрани треба да се зголеми од 57 на 60 евра. Но, за  Билсимовски, поголем проблем  е тоа што ЕСМ нема да покрива 100 проценти од потребите на домашен пазар по оваа цена, туку 85 отсто, а останатите 15 проценти ќе треба да се обезбедат од слободен пазар каде цената во одредени денови е повисока.

Оваа цена од 60 евра за мегават час на некој начин можеме да ја исхендламе, но мене ме загрижуваат  15 те проценти кои треба да се набавуваат на слободниот пазар и тоа има сериозно влијание ако е некаде сега на пазарот и фјучерсите кои што ги гледаме за третиот и четвртиот квартал цената во зависност од денот се движи од 90 до 100 евра за мегават час што е далеку повисоко од тоа што би го дал ЕСМ, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Во моментов без целосна анализа не може да се каже какви би биле сметките на граѓаните од први јули, но  Бислимовски вели дека е добро тоа што во одлуката ќе биде вкалкулирана и намалената профитна маржа. Ги демантираше и сите најави дека ако поскапи струјата цената на лебот повторно ќе се зголеми. Тврди дека најголем дел од производителите на леб се снабдуваат на отворен пазар каде изминатиов период струјата е поевтина.

Tака да било каква шпекулација дека промената на цената по која што ќе ги  снабдува Универзалниот снабдувач малите потрошувачи ќе влијае дополнително на  поскапување на лебот е тотално неточна и претставува највулгарна шпекулација, додава Бислимовски.

Прашавме и во ЕСМ зошто сега кога сите очекуваат намалување на цената,  таа се зголемува.

Од електрани конкретно не одговорија која е причина. Во дописот од компанијата стои дека сите пресметки ги доставуваат до Владата и за крајната цена се одлучува на затворена седница.

Регулаторна  се уште анализира дали и од кога домаќинствата би можеле да добијат уште еден час плус дневна евтина тарифа.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Дејан Дејан

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе