Македонија Најважни

Одборот му ја одзеде акредитација на Мерко за факултетот за здравствени науки

Одборот за акредитација кој претходно со 12 гласа „за“ го одобри отворањето на факултетот за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга во сопственост на семејството на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на денешната седница одлучи да му ја одземе акредитацијата за основање на таква образовна институција.

Со оваа одлука се поништуваат сите други правни дејствија во врска со почеток со работа на факултет за здравствени науки на приватната високо образовна установа, се наведува во соопштението до јавноста.

Владата на седница на 9 април даде согласност за основање на факултетот, која во службен весник е објавена на 15 април за време на предизборната кампања со потпис на техничкиот премиер Талат Џафери. Мерко и неговото семејство веќе една година  се на црната листа на САД. Меѓународниот универзитет во Струга е дел од Еуро колеџ кој е во сопственост на еден од синовите на Мерко.

Нема да се запише ниту еден студент на Mедицински факултет во Струга, велат од одборот коj му дадe акредитација на Рамиз Мерко за факултетот

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Скалестите маржи истекуваат во среда, ако цените скокнат маржите ќе се вратат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе