Финалистот на последното Европско првенство, Англија со погодокот на Џуд Белингем успеа да ја совлада Србија и со победа на го отвори настапот на континенталниот шампионат.
Во вториот дуел од Ц групата Словенија и Данска постигнаа по еден гол и освоија по еден бод.
Данците поведоа со погодокот на Кристијан Ериксен ви 17. минута, а израмнувачкиот гол за Словенија беше дело на Ерик Јанжа.
Холандија со пресврт стигна до првите три бода на турнирот. Полска поведе со голот на Адам Букса во 16. минута. Тринаесет минути подоцна Коди Гакпо израмни на 1:1, а триумфот на Холандија и го донесе Вут Вигхорст на седум минути пред крајот на натпреварот.