Вести Свет

Над 120 затруени со храна во Москва

Сомнителна појава на ретко и екстремно опасно труење со храна во Москва погоди повеќе од 120 луѓе кои побарале медицинска помош, а најмалку 30 се на интензивна нега, соопштија денеска здравствените власти.

Пациентите се примени во болница со сомневање за ботулизам што се пренесува преку храна, состојба опасна по живот која го напаѓа нервниот систем и може да предизвика респираторна инсуфициенција и парализа.

Руските власти соопштија дека токсичната епидемија потекнува од салати дистрибуирани од популарната услуга за испорака преку интернет, која во неделата привремено ги прекина своите операции поради кривична истрага.

„Вкупно 121 лице побарале медицинска помош“, изјави Анастасија Ракова, заменик-градоначалничка на Москва.

„Во моментот 55 лица се во тешка состојба, од кои 30 на интензивна нега“, додаде таа.

Градското тело за заштита на потрошувачите и здравјето, Роспотребнадзор, во саботата соопшти дека спроведува „епидемиолошка истрага за сомнителни случаи на ботулизам“.

Моосковското обвинителство соопшти дека покренало кривична истрага за прекршување на стандардите за безбедност на потрошувачите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе